..::Книги::..
Ve molime da se logirate!
..::Книги::..
Ve molime da se logirate!
..::Книги::..
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

..::Книги::..

Македонски Форум за литература
 
HomeGalleryБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез
Барај
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Keywords
радоста мојата есеј дела душа младата состави мојот hamlet читањето дождот омилен виножитото популација
Latest topics
» Жан Пол Сартр
Лична поезија Icon_minitimeЧет Дек 17, 2015 9:26 pm by GOD

» Што мислите за Буковски?
Лична поезија Icon_minitimeЧет Дек 17, 2015 9:25 pm by GOD

» Гавранот - Едгар Алан По
Лична поезија Icon_minitimeЧет Дек 17, 2015 9:15 pm by GOD

» Online после 8 години!
Лична поезија Icon_minitimeЧет Дек 17, 2015 9:14 pm by GOD

» Sugarfx Light Pack 3.0
Лична поезија Icon_minitimeВто Мај 06, 2014 12:07 am by Гостин

» Bread And Wheat.rar
Лична поезија Icon_minitimeПон Мај 05, 2014 11:23 am by Гостин

» Directx 11 Free Download For Windows 7 64 Bit Full Version
Лична поезија Icon_minitimeПон Апр 21, 2014 2:59 am by Гостин

» Directx 11 Free Download For Windows 7 64 Bit Full Version
Лична поезија Icon_minitimeПон Апр 21, 2014 2:59 am by Гостин

» itnoo!
Лична поезија Icon_minitimeВто Апр 17, 2012 3:01 pm by dreamer

Април 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930     
CalendarCalendar
Top posting users this week
No user

 

 Лична поезија

Go down 
АвторПорака
Wisna

Wisna


Број на мислења : 26
Репутација : 0
Registration date : 2008-01-21

Лична поезија Empty
ПишувањеПредмет: Лична поезија   Лична поезија Icon_minitimeПон Јан 21, 2008 10:02 pm

Забрането овошје

Ноќта се вкоренила во мојата душа.
Јас талкам барајќи малку светлина.
Нешто ќе заблеска еден миг,
А веќе другиот сфаќам дека тоа се
Солзите на мојата душа.

Трагам по нешто забрането за мене.
Трагам по забранетото овошје.
Знам дека сите го вкусија.
Но, јас не барам грев за да ја столчи
Мојата напуштена душа.

Реф Ако си забрането за мене
Нема да те земам
Се што сакам е
Покрај тебе да бидам

Ако си забрането за мене
Нема да те уништам
Се што сакам е
Покрај тебе да бидам.

Пристигнав. Верувај на моите зборови
Нема ни лист, ни кора твоја да земам.
Ќе оставам се како што беше
Само те молам дозволи ми да бидам
Потпрена на твоето стебло.

Во мене длабоко се вгнездила празнина
А само твоето овошје е лек.
Посакувам само да ја чујам
Мелодијата на твојот мирен ветар
Различен од мојата олуја.

Реф Ако си забрането за мене
Нема да те земам
Се што сакам е
Покрај тебе да бидам

Ако си забрнето за мене
Нема да те уништам
Се што сакам е
Покрај тебе да бидам.

Осамена

Ја мразам месечината
која ми се смее в лице.
Таа меѓу толку ѕвезди
не разбира како е да си осамена.
А кога и мојата душа
ќе го напушти моето тело
тогаш што ќе бидам јас?
Ќе бидам душата или телото?
Ако бидам телото
ќе лежам сама во мојот кревет
под калливата и расквасена почва
и се ќе биде исто.
Ако пак, јас бидам душата,
тогаш ќе се вивнам на небото
и заедно со ѕвездите
ќе го красиме небескиот свод.
Но, се додека сум тука на ова парче земја
кај што е пролеана крв
и каде што изумрел друг свет
за да се создаде овој неблагодарен
со мирис на гнилина од бессрамното
уништување на веќе уништениот свет
ќе копнеам по небеската шир.
По месечината која сега без срам се смее
и ѕвездите кои танцуваат околу неа.

Другар

Другар
Мирно спиј, јас ќе те чувам
Не сакам ти да бидеш мој ангел чувар.
Спиј на облакот направен од свила
Долетај ми на рамо со своите крилја.

Другар
Низ ветрот шепни ми дали
Ти недостига некој да те погали.
Иако велат дека не си жив
Во моите мисли вечно ќе живееш ти.

Другар
Небеските порти за тебе се отворени
Вивни се високо во нив.
Во небеските реки полн со живот запливај
Дур’ овде заспиваш.

Другар
Знај секогаш во ѕвездите
Крадешкум ќе ги барам очите твои.
Сакам пак да ги видам насмевките
Оние кои на секој му даваа спокој.

Вистина

Сама,
заѕидана меѓу милион прозорци
ги гледам
како паѓаат и последните борци.
Се вртам наоколу,
љубовта никаде ја нема
гледам маглата како ја обзема.

Ги слушам безшумните чекори на вистината
талкам јас затворена во празнината.

Не можам да се ослободам од овие пранги
a колку посакувам светот
да го допрам со моиве дланки.
Само шепотот проструи како ветар студен
навестувајќи дека секој обид е залуден.
Вратете се на почетокот Go down
Wisna

Wisna


Број на мислења : 26
Репутација : 0
Registration date : 2008-01-21

Лична поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лична поезија   Лична поезија Icon_minitimeПон Јан 21, 2008 10:06 pm

Моите изгубени сни

Надеж е се што имам, тоа е моето богатство
Свет без сни, тоа е моето мало кралство.
Се сменив и мислев дека тоа е добро и за мене
Не очекував дека празнината ќе ме обземе.

Сите сни се изгубија во темните сенки
Сега се бледа слика, само мои спомени
Заборавив да го живеам мојот живот
Следев нечии стапки, паднав на пониско ниво.

Се смени се, доцна е за назад сега
Треба да научам да го живеам
Мојот нов живот, да го следам тој сјај
Животот си тече, сеуште не е крај.

Ќе се борам, нема тука да сопрам
Нови сни до моето срце ќе допрат
Можеби сега е тешко да прифати
Но знам дека еден ден моето срце ќе сфати.

Надеж

Кога губиш се и нема никој крај тебе
Никогаш не ја губи надежта во себе
Таа е се на што можеш да се потпреш
Оди напред без ништо да те сопре.

Кога сите си одат и грбот го вртат
Знај дека еден ден назад ќе се свртат
Ќе посакаат сите да се вратат назад
А јас ќе простувам се дур не ме згазат.

Но се уште се надевам дека се ќе се смени
Надеж имам и покрај сите проблеми
Не се предавам одам сама до крај
Со надежта во мене никогаш нема да паднам во очај.

Нашиот свет

Една вистина криеш длабоко во себе
Сето студенило го сруши нашиот свет,
Тој свет беше рај за мене и за тебе
Сега е пекол без оган, свет сиот во лед.

Реф.: Љубовниот пат е послан со трње,
Не е како во бајките, сиот со рози.
На почеток се е совршено розево,
А потоа бојата ја миеш со солзи.

Во твоите очи нешто недостига,
Сега тие се сенки на некогашната романса,
Оганот кој пламтеше, одамна стивна,
Го молам твојот ангел чувар за уште една шанса.

Реф.: Љубовниот пат е послан со трње,
Не е како во бајките, сиот со рози.
На почеток се е совршено розево,
А потоа бојата ја миеш со солзи.

Светот кој го создадовме само за нас
Веќе е изгубен во темнина и очај,
Сите ветувања за вечност без страв и ужас
Зајдоа со последниот љубовен сјај.

Реф.: Љубовниот пат е послан со трње,
Не е како во бајките, сиот со рози.
На почеток се е совршено розево,
А потоа бојата ја миеш со солзи.

Мојата усвитена душа сака да го стопи мразот,
Мојот ангел чувар да ме чува од бедност,
Но се што ми треба си ти, покажи ми го патот,
Покажи ми како јас и ти да бидеме едно.

Реф.: Љубовниот пат е послан со трње,
Не е како во бајките, сиот со рози.
На почеток се е совршено розево,
А потоа бојата ја миеш со солзи.

Спас

Колку и да боли, си стојам зад ставот
Не сум споменик, но знам кога сум во право.
Мислев дека со тебе можам се да решам
Но и јас сум Господово чедо, па сфатив дека грешам.

Реф.: Нашата идеална слика гори во пламен
Јас во очај пробувам да ја спасам.
Нашата реалност е тврда ко камен
И уште милион ѕвезди за нас ќе згаснат.

Нашите две срца тонат и се губат
Дали од тој кошмар тие ќе се разбудат.
Моето срце бие на твоите порти
Те моли, нели го слушаш: те молам отвори.

Реф.: Нашата идеална слика гори во пламен
Јас во очај пробувам да ја спасам.
Нашата реалност е тврда ко камен
И уште милион ѕвезди за нас ќе згаснат.

Моите зборови веќе ништо не ти значат
Во сенките нивни се слуша како плачат.
Љубовта и почитта се два различни збора
Јас те сакам, но за почит вечно ќе се борам.

Реф.: Нашата идеална слика гори во пламен
Јас во очај пробувам да ја спасам.
Нашата реалност е тврда ко камен
И уште милион ѕвезди за нас ќе згаснат.
Вратете се на почетокот Go down
 
Лична поезија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
..::Книги::.. :: Ваши дела :: Напишете нешто за вашите дела-
Отиди до: